Валентин Ѓорѓиески- монструмот од ДПМНЕ кој со џип влета во народот

Лицето што удри во народот 1Валентин Ѓорѓиески е лицето кое синоќа со теренско возило-џип, влета во толпата народ која мирно протестираше во центарот на Прилеп, при што повреди двајца луѓе и избега од местото без веднаш да биде запрен од полицијата.
Со вакви лица, слепи партиски послушници, ДПМНЕ се обидува да ги попречи протестите на опозицијата и да го заплаши народот. Пипците на режимот се спуштија и на најниско локално ниво. Партиските војници на ДПМНЕ добиваат наредби од врвот да создаваат нереди и инциденти со цел да ја искриват сликата за мирните протести на опозицијата. Сликите кои се во прилог потврдуваат дека станува збор за човек близок до власта и највисоките партиски функционери на ДПМНЕ. Дали токму Марјан Ристески, Миле Јанакиески и Ана Лашкоска, кои се сликани со монструмот кој ладнокрвно влета во толпата, се нарачателите на овој грозоморен чин? Јавноста има право да знае и сама да процени кој е сторителот, а кој нарачателот на вчерашниот обид за убиство!

Почитувани сограѓани, отпорот нема да запре! Одиме до крај!
Ништо нема и не може да не спречи, режимот ќе падне!

Со почит

СДСМ Прилеп

Лицето што удри во народот 2

Лицето што удри во народот 3