Трпческа треба да се срами од хаосот во којшто ги остави градинките во Прилеп

Криминалот, корупцијата и злоупотребите, беа одлика на претходната 12 годишна власт, што денес се потврдува со првата изречена судска пресуда за Никола Груевски на две години казна затвор.

Поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, за кого се поднесени кривични пријави, беше продолжена рака на криминалните политики на Никола Груевски.

Затоа, поранешната директорка на градинките „Наша иднина“ од Прилеп, Христина Трпческа, како дел од таквата власт, наместо да шири невистини и клевети, треба да се извини на прилепчани за сите злодела на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години.

Трпческа треба да се засрами и од хаосот што го остави во градинките „Наша иднина“, што сега новата власт го средува. Трпческа остави листа од најмалку 500 дечиња што чекаат за сместување во градинките и скоро никакви инвестиции во градинките за подобрување на условите.

Новата локална власт предводена од градоначалникот Јованоски, во рекордно време ја отвори градинката во ОУ „Рампо Левката“, а истовремено работи на техничката документација за отворање на нови две градинки, од кои едната во населбата „Точила“ и другата во рамки на Тутунски комбинат – Прилеп.

Поставувањето на В.Д. директори во основните училишта денес се врши исклучиво според законските прописи и критериуми.

Непотизмот и роднинските врски при избор на директори, ќе остане симбол само за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, а не за новата локалната гарнитура.

12 годишното директорување на Златко Ристески – Џекчето со ЈКП „Комуналец“ само затоа што е прв братучед на поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, ќе остане запишано како класичен пример за непотизам, што никогаш нема да се повтори.

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп