Прилеп се крена против режимот

prilep kreva otpor 2 03Седум години СДСМ зборуваше дека во оваа држава е инсталиран режим, за да во Понеделникот Република Македонија влезе во диктатура.
Пред само два дена на најбрутален можен начин власта демонстрираше сила, тргна да го тепа сопствениот народ, тргна да ги тепа новинарите, тргна да ги тепа легитимно избраните пратеници на последните парламентарни избори.
И на Брисел и Вашингтон од Понеделникот наваму им е повеќе од јасно дека во оваа држава демократијата е мртва.
Јас ги повикувам сите граѓани не само на Прилеп туку и на цела Македонија, да излегуваат на сите протести кои што ќе бидат организирани од страна на опозицијата, бидејќи ова ќе премине во движење, ова е голем граѓански отпор кој што ќе се случува во наредните денови, вклучително до Сабота, кога сите граѓани одиме пред штабот на ВМРО — ДПМНЕ во Скопје.

 

{gallery}2012/dekemvri/oend2{/gallery}