sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ-СДСМ Прилеп, 21.03.2013

Господо лицемери од ДПМНЕ, до кога ќе ги потценувате прилепчани. Зарем сеуште мислите дека непаметат што правевте за да дојдете на власт?
Како не му е срам на Марјан Ристески да зборува за изградба на некаква локална фабрика за отпад, која ќе вредела 250 000 евра, кога истиот тој Марјан Ристески во 2005г. ја спречи изградбата на регионалната депонија, инвестиција вредна 22 милиони евра, обезбедена од тогашното раководство на СДСМ, од која до ден денес бенефит ќе имаа, не само прилепската туку и Општините од целиот пелагониски регион.
Истиот тој Марјан Ристески, кој сега бесрамно манипулира, во 2005г. пред да стане градоначалник водеше антикампања против ваквиот проект, делеше флаери, црташе стрипови со кои го исмеваше проектот на СДСМ, повторуваме вреден 22 милиони евра.
Истиот тој Марјан Ристески, во првата недела откако стана градоначалник го стопираше проектот за изградба на регионална депонија вредна 22 милиони евра.
Од тука ниту градоначалникот во заминување Ристески, ниту неговите гласноговорници, немаат ниту образ, ниту морален или било каков кредибилитет да зборуваат на оваа тема.
Вашите ефтини обиди, на три дена пред избори да манипулирате со вакви проекти, нема да ви поминат кај граѓаните. Впрочем, имавте 18 години, од кои 8 години Марјан Ристески, да ги решавате ваквите и останатите проблемите на граѓаните.

Господо од ДПМНЕ вашето заврши.