Локвенец: Казните како превенција наместо репресија

 

 

Почитувани,
Во овој момент во Македонија над 99% од фирмите се мали или средни претпријатија, во кои се вработени над 80% од вработените во целото стопанство во Р. Македонија.
Денес ние на оваа трибина всушност зборувавме за прекршочната и казнената политика поврзана со фирмите и со стопанството. Меѓутоа да бидам искрен, во време кога Македонија се наоѓа на врвот на светската скала на сиромаштија и на мизерија, морам да Ви кажам дека за време на целата дискусија всушност покрај казнената и прекршочната политика, преовладуваше прашањето на отворање на нови работни места.
На кој начин всушност ние можеме да отвориме нови работни места со што би ги решиле до некаде проблемите на граѓаните на Р. Македонија и конкретно во моментов во Прилеп.
Нашето решение е едноставно! Суштинската, а не формална превенција наместо репресија.
Доаѓањето на контролите и на инспекторите се добредојдени во секој стопански објект, субјект во Р. Македонија, во Прилеп. Меѓутоа добронамерните, контролните посети а не наменските и посетите каде мора по секоја цена да се обезбеди некаква глоба или казна.
Ви Благодарам.