Локвенец: Драги прилепчани Ви честитам на храброста

hari lokvenec sdsm gord na prilepcaniХари Локвенец – Кандидат за градоначалник на општина Прилеп

 

Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани сограѓани,

Градот Херој, градот на пркосот и непокорот беше носител на две револуции во историјата, Ве уверувам, Прилеп ќе биде носител и на третата.
Токму од тука, од Прилеп, Хероите, а не „мајмуните” како што Благородна Дулиќ ги нарекува прилепчани, веќе го започнаа ослободувањето од режимот на Груевски.
Во оваа прилика, сакам да им се заблагодарам на илјадниците прилепчани, кои после „црниот понеделник”, неуморно и одлучно, изглегуваа на прилепските улици во име на слободата и демократијата.
Драги мои сограѓани, Ви честитам на истрајноста и храброста, со кои секој ден, цврсто чекорите и ја градите победата врз овој ненароден режим. Секој ден, покажувате зошто Прилеп гордо ги носи епитетите-град херој, град револуционер!
Ве уверувам, само вака, како што правевме изминативе денови, сплотени и единствени – вистински земјоделци, работници, студенти, професионалци, сите заедно под мотото „Македонија над се”, ќе се ибориме за слободна и демократска татковина.
За Македонија и Општина, во која народот нема да се плаши од власта, туку власта од народот!
За Македонија и Општина, во која јавните функционери ќе бидат слуги на граѓаните, а не нивни тирани!
За Македонија во која власта нема да тепа новинари, пратеници, сопствен народ! За задолжување од стотици милиони евра, за луксузирање, за нови мерцедеси и мебел по министерствата, додека народот гладува.
Немам дилема. Одиме до крај! Оваа борба ќе ја добиеме!
Прилеп повторно ќе биде град на слободоумни и горди граѓани. Со поквалитетен и достоинствен живот! Град со услови и можности за младите! Град со нова надеж за сите!
На крај, ја користам оваа прилика, на сите верници од христијанска вероисповест им ги честитам претстојните божиќни празници.
Ви благодарам

Новинар: Вторник има најавено Централен Одбор, дали доколку највисокото партиско тело реши и дефинитивно СДСМ да не учествува на претстојните локални избори, дали и Хари ќе ја почитува таа одлука.
Локвенец: Ви благодарам на прашањето,
Не би сакал да ја прејудицирам одлуката на Централниот одбор, во секој случај да бидеме начисто, после „Црниот Понеделник” Македонија повеќе не е демократска држава. Актуелниот режим нема никаков кредибилитет да даде гаранции дека ќе организира фер, слободни и демократски избори. Од тука без разлика на секојдневно се поголемата поддршка на мојата кандидатура од старна на моите сограѓани, јас ќе ја почитувам безрезервно одлуката на партијата во интерес на Р.Македонија. Почитувани, помалку е важно дали Хари Ловенец ќе излезе на изборите и ќе стане градоначалник, од фактот да ја вратиме демократијата во Р.Македонија и Македонија да се врати на вистинскиот пат.
Новинар: Конкретно, кои се тие гаранции што ги бара СДСМ за да излези на избори, што сметате дека ги нема во изборниот закони сега?
Локвенец: Спомнав пред малку дека несакам да ја предвидувам и прејудицирам одлуката на ЦО во секој случај сметам дека има премногу недостатоци кои во следниот период треба да бидат разрешени.
Новинар: Сметате ли дека е доволно демократски неучество на избори, и со тоа скратување на правото на одредени граѓани што застануваат зад СДСМ да не гласаат за вас.
Локвенец: Многу се сложувам со најавениот одговор во вашето прашање, арно ама од друга страна сметам дека легитимитетот на изборот е многу поважен од самиот избор. Доста беше да имаме избори и поставување од формален карактер, ни треба суштински легитимитет кој ќе го добијат избраниците на овој народ, како на централно, така и на општинско ниво.
Новинар: Што сметате дека ќе се случи на овие избори за ваква една одлука која се најавува? Ќе има пукање, тепачки? Што мислите за тоа?
Локвенец: Не ни размислувам за такво нешто, во секој случај сметам дека демократијата е всушност збир на процедури, кои ние сакаме или не ние мораме да ги почитуваме, всушност демократијата ги бара од нас поставувањето и почитувањето на тие процедури. Единственото нешто кое го бараме ние е само ова.
Новинар: Уште едно прашање,господинот некни на јавниот собир рече дека крв ќе падне, ама власта мора да падни, дали Вие се согласувате со тоа негово мислење?
Локвенец: Прво, македонците како сорта сме толку малку по број, што секоја капка крв падната од граѓанин на Р.Македонија е огромна штета за оваа држава, независно од конфесионална и национална припадност. Така да по ниеден основ не ги поддржувам таквите ставови. И да бидам искрен, воопшто не сметам дека такво нешто може да се случи. Во секој случај свесни сте и самите, дека во овие услови, правилата на игра и начинот на фунционирање ги гради моменталната власт. Убеден сум дека нема да се случи такво нешто, и дека се свесни за сите последици и консенквенции кои можат да следуваат после еден таков чекор.

Ви благодарам на сите.