Хари Локвенец ќе се грижи за сите населби подеднакво

sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 27.11.2012

Почитувани,
Станува јасно дека прерано започнатата кампања на Марјан Ристески, во која сега ги злоупотребува и ромите за своја корист, ќе биде валкана и ниска, кампања на лаги, раздор и поделби.
Нека го посети градоначалникот делот од населбата Тризла2, викан„3 Багреми” , каде неколку стотици луѓе живеат во картонски и лимени куќи, без струја и вода, без улици и канализација, каде е можна појава на разни зарази и епидемии, па потоа гордо нека изјави дека многу направил за ромите.
Наспроти Лажната душегрижност и лицемерието на Марјан Ристески за ромската популација, добро е што конечно Прилеп има можност да избере успешен и докажан човек за татко на градот, Хари Локвенец – кој ќе се грижи за сите населби во градот подеднакво и ќе создаде услови за достоинствен живот на сите граѓани.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП
27.11.2012