Градежната офанзива која се случува во Прилеп, наидува на општо задоволство кај граѓаните

Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4

Почитувани,
Трите години власт на СДСМ и коалицијата, наспроти 11-годишното криминално и режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ја направија разликата меѓу одговорното и државничко однесување на СДСМ и незрелото, деструктивно и антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.
И додека ние носевме одлуки за најважните прашања по иднината на државата и граѓаните, нашиот политички опонент немаше став бегаше од одговорност. Нивниот кукавичлук одеше до таму што не собраа храброст ниту да аплаудираат во македонското Собрание, кога го ратификувавме нашето членсто во НАТО. И ден денес се закануваат со поништување на Договорот од Преспа, а по налог на Мицкоски ги блокираат средствата од 90 милиони евра од Светска банка.
Јавноста гледа и знае кој застана храбро и одговорно против пандемијата, а кој лажеше, и во време на забрани шеташе по теретани и кафеани, додека здравствените работници неуморно се борат со коронавирусот.
Граѓаните на општина Прилеп на најдобар начин почувствуваа што значи кога Владата креира политики во интерес на пошироката заедница и кои се придобивките кога локалната и централната власт работат проекти според потребите на локалното население.

Почитувани,
Градежната офанзива која се случува во општина Прилеп, наидува на општо задоволство кај секој жител на градот и населените места.

Новиот лик на булеварот „Гоце Делчев“, на Градскиот стадион, изградбата на армирано-бетонскиот мост, прв кој после 47 години се гради во Прилеп, рехабилитацијата на патот до вештачкото езеро, изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, реконструкцијата на најважните сообраќајници и улици во, без исклучок, сите урбани заедници во градот, промената на постоечката и изградба на нова водоводна и канализациона мрежа, инвестициите во образовните институции и детските градинки… Сето тоа зборува за новиот начин на практикување на власта, кој СДСМ со граѓаните го гради на партнерска основа.
Градоначалникот и локалната власт предводена од СДСМ, водат подеднаква грижа и за жителите на населените места.
Покрај асфалтирањето на улици на кои до вчера немаше ни тампон, од населеното место Волково, преку Прилепец, изградивме нов асфалтен пат до манастирот „Свети Никола“, го реконструираме патот до Мариово, градиме канализација во Големо Коњари, го решивме деценискиот проблем со водоснабдувањето на Канатларци, а до крајот на летото ја завршуваме и секундарната канализациона мрежа во Мало Коњари.
Истовремено, Општина Прилеп навремено и неселективно исплати 6 милиони денари за штетите од невремето, кое во 2018 и 2019 година ги зафати населените места Канатларци, Мало и Големо Коњари и населбата Варош. За истата намена, на производителите чии земјоделски насади претрпеа штети од невремето, од државниот буџет им беа исплатени дополнителни 39 милиони денари.
Во новиот четиригодишен мандат кој Владата на СДСМ ќе го добие после изборите на 15-ти јули, за земјоделството и руралниот развој обезбедуваме годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, поддршка од 10.000 евра за развој на микро и мали претпријатија во руралните средини, како и инвестиции во Јавно приватно партнерство во секторот земјоделство.
Заради сето ова, на претстојните предвремени парламентарни избори, граѓаните ќе одберат интеграција наместо изолација. Мир наместо конфликти. Ќе одберат неселективна правда, наместо сваровски судство. Ќе одберат едно општество, наместо поделби.
На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжат по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот.
Затоа што МОЖЕМЕ!
УШТЕ ПОВЕЌЕ! УШТЕ ПОДОБРО!