Ги покачивме пензиите, по 900 денари повеќе за секој пензионер во секој месец од годината

Кети Смилеска – Пратеник

Почитувани,

Владата на СДСМ за само 2 и пол години успеа да го стабилизира пензискиот систем и да обезбеди раст на пензиите.

Од февруари започнува првата исплата на пензиите со покачување од 700 денари, коe со усогласувањето со трошоците за живот достигнува околу 900 денари.

Тоа значи по 900 денари повеќе за секој пензионер во државата, секој месец од годината.

Со покачувањето, просечната пензија во 2020 година ќе изнесува околу 15.500 денари. Тоа е раст на просечната пензија за вкупно 1.746 денари, односно зголемување за 12,7 отсто, што е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години.

За споредба, во 2016 година криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на годината им исплати на пензионерите ад хок износ од 560 денари, односно помалку од 60 денари месечно.

Тоа е разликата помеѓу погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ со кои пензионерите добиваа едвај 60 денари месечно покачување, наспроти одговорниот и чесен пристап на СДСМ, со кој секој пензионер добива по 900 повеќе во секој месец од годината.

Почитувани,

Власта на ВМРО-ДПМНЕ со години наназад земаше од џебот на пензионерите и го укина законското услогласување на, а СДСМ денес ги враќа парите кај граѓаните со континуиран раст на пензиите во законската рамка.

На прав пат сме, продолжуваме да се грижиме за повозрасните и да инвестираме во човечкиот капитал.