Гасификацијата најголем инфраструктурен проект за Прилеп

gasifikacijaГасификација според:

– Позитивното искуство од користењето на природниот гас, како примарен енергенс во развиените европски земји и придобивките што О. Прилеп ќе ги има со неговото користење , ја налага потребата за изработка на мин. 30км секундарна дистрибуциска гасоводна мрежа низ градот Прилеп, и тоа до сите поголеми потрошувачи, како и обиколен прстен со должина од 18 km;

– Целокупната инфраструктура ќе се изведува во фази-од центарот кон периферијата и во целост ќе биде во функција, како во почетната фаза со снабдување со „виртуелен” гасовод , па сé до конечното донесување на главниот довод на природен гас од државата до нашата општина (цефководот и постројките за декомпресија);

– Калкулациите укажуваат на значителна корисност (намалување на трошоците за греење за 30-40%) од користењето на природниот гас како енергенс што ќе ги замени нафтата, мазутот и огревното дрво во стопанството , домаќинствата и на голем број јавни и административни објекти (училишта, градинки, старски дом, ученички дом, болница, администрација);

– Истовремено, ќе се создадат услови за замена на нискодоходовното тутунопроизводство во Прилеп, со попрофитабилно раноградинарско производство. Исто така, голем економски ефект се очекува во заштитата на човековата животна средина во нашата Општина и зачувување на сиромашниот шумски фонд;

– Голем број инвеститори, кои досега 100% го заобиколуваа Прилеп, ќе најдат интерес за своите деловни процеси и инвестиции да ги реализираат овде, во услови на постојниот евтин енергенс.