ДПМНЕ е прочитана книга за прилепчани!

sdsmprilep1Одговор на контрапрес од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Видливи се паниката и нервозата во редовите на ДПМНЕ, од предлог мерките кои СДСМ ги промовира, уште повеќе заради тоа што во нив граѓаните препознаваат решенија за суштинските проблеми, како сиромаштијата и невработеноста со кои секој ден се соочуваат.
Господо од ДПМНЕ, денес уште еднаш, со промашена прес конференција, покажавте дека немате капацитет да понудите ништо ново, дека сте прочитана книга, без ниту еден сериозен проект за справување со егзистенцијалните проблеми на прилепчани.
Покажавте, дека за Груевски и Ристески невработените прилепчани се обична статистика и ништо повеќе. Заслепени од власта која 8 години ја узурпирате, и од богатсвата кои ги стекнавте на грбот на народот, неможете да ја видите мизеријата на сопствените граѓани, за која сте лично виновни.

Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп