zaevharipres231113Зоран Заев – Претседател на СДСМ

Почитувани,

Заминувањето на младите луѓе надвор од државата денес се доживува како најголем пораз на Македонија. Најзначајна причина за таквата поразителна тендеција е невработеноста кај младите луѓе. Повеќе од 55 % од младите луѓе се невработени и не гледат никаква можност во брзо време да пронајдат работа.


Дури и тие што работат – добиваат мизерни плати и не можат да го закрпат месецот. Нашата земја мора да ги насочи сите ресурси и капацитети кои и стојат на располагање за решавање на проблемите на младите луѓе.
Исто така во последните 7 години многу малку се инвестираше во вистинска капитална инфраструктура во државата која ќе значи економски придобивки за сите, заштеда на средства за секое семејство како и подобрување на севкупниот квалитет на живот на граѓаните.
Денес имаме чест и задоволство да најавиме три нови мерки од програмата на СДСМ за враќање на средната класа кои се од областа на економијата – капиталните инвестиции и вработување на младите.

 Прва мерка, 

Изготвување на целосна проектна документација, завршување на експропријацијата и започнување на изградба на три нови патни делници во форма на автопати и тоа :
1. Автопат Велес – Прилеп — Битола
2. Автопат Штип – Кочани, а три ленти до Делчево и граничен премин Делчево и
3. Автопат Удово – Вељуса – Струмица – граничен премин Ново Село

Втора мерка,
Гасификација на Македонија преку изградба на главна национална гасоводна мрежа до големите урбани центри и поставување на системи за компресирање и декомпресирање на природен гас за помалите градови и општини.

Третата мерка,

Финансирање од буџетот на 320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја. Ќе отвораме преку 16 бизнис инкубатори низ цела Македонија. Со оваа мерка мерка ќе се вработуваат повеќе од 5.000, пред сé млади луѓе, годишно.

Хари Локвенец – член на ИО на СДСМ 

Прва мерка,

ќе продолжиме со изградба на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип од таму до каде што ќе стигне сегашната Влада и целосно ќе ги доградиме.
Но исто така ќе изготвиме и целосна проектна документација, експропријација и започнување со изградба на три автопати на три значајни патни правци во државата со паралелна подземна инфраструктура.

1. Автопат Велес – Прилеп — Битола
2. Автопат Штип – Кочани а три ленти до Делчево – граничен премин Делчево и
3. Автопат Удово – Вељуса – Струмица – граничен премин Ново Село
Доводен цевковод за вода до Прилеп како и гасоводна мрежа на патниот правец Велес – Прилеп – Битола. Изградба на железничка мрежа од Миравци – Удово – Струмица и поврзување со железницата во Петрич, Република Бугарија. Како и изградба на гасоводна мрежа од Штип кон Кочани и Делчево.

Втора мерка, Гасификација на Македонија со изградба на главна национална гасоводна мрежа до големите урбани центри и поставување на систем на компресирање и декомпресирање на природен гас за помалите градови и општини.
Ќе изградиме 5 големи компресорски станици за природен гас во Скопје, Битола, Штип, Гостивар и Неготино како и 18 декомпресорски станици за природен гас во 18 градови во државата со што ќе донесеме природен гас на целата територија на нашата земја.

Трета мерка е отварање на осум големи и осум помошни бизнис инкубатори, во осумте статистички региони во државата преку кои ќе се финансираат по 40 бизнис идеи на млади луѓе по регион или вкупно 320 бизнис идеи годишно.
Секоја од 320 те избрани бизнис идеи ќе биде финансирана со по 10.000 евра од буџетот на државата со неповратни средства преку однапред дефинирани критериуми и процедури кои ќе гарантираат целосна реализацијата на бизнис идејата и отварање на нови работни места пред се за младите луѓе. За оваа намена годишно ќе се издвојуват по 3,2 милони евра.
Ова е само една од многуте мерки во програмата на СДСМ за отварање на нови работни места за младите луѓе со кои мерки се надеваме дека ќе го спречиме натамошното заминување на младите надвор од државата а се надеваме дека ќе привлечат доволно внимание дури и да вратиме поголем дел од веќе заминатите млади надвор од Македонија.