etpres1701Пресконференција, Еленче Ташкоска – Советник од СДСМ во Совет на Општина Прилеп

Почитувани,
Завчерашната, 16-та седница на Совет на Општина Прилеп, го потврди хаосот кој владее во ЈКП „Пазари”, но, исто така, делумно ги разјасни причините за неодамнешните брзи рокади на позицијата директор во ова претпријатие.
Имено, откако беше сменет директорот на ЈКП„Пазари” Пецо Димоски, Градоначалникот Марјан Ристески во само неколку денови, на негово место го поставува Сашо Ѓорѓиоски, за да веднаш потоа, екпресно брзо, биде вратен стариот директор Димоски.
Јавноста не доби одговор, дали новопоставениот директор Сашо Ѓорѓиоски, самиот побегна, увидувајќи го катастрофалното финансиско работење, загубите и кредитите, во кои Пецо Димоски го потона претпријатието?


Или пак, причината за неговата смена, лежи во длабоката партиска поделеност и моменталните кавги во ВМРО-ДПМНЕ за кадровските решенија за директори на Јавните Претпријатија?
Сепак, за жал на граѓаните на Општина Прилеп, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, на последната седница го поддржа недомаќинското работење на старо-новиот директор Димоски, и одлучи:
Приближно 6 милиони ден како побарани субвенции, пари од граѓаните, да завршат на сметката на „Пазари”, од кои, околу 2,6 милиони ден. само за камати на банкарски кредити што претпријатието ги должи за 2013 и 2014 година.
Апсурдот да биде уште поголем, иако директорот Димоски во финансискиот план калкулира со 3 мил.ден.субвенции, од Општината побара за трошење 6 мил.денари. Иако неговите сопартијци-советници со негодување и потсмев го пропратија ова негово барање, сепак го изгласаа. Допрва некој ќе сноси одговорност за ваквото неодговорно однесување во трошењето на народните пари.
Сето ова е дополнителен доказ за неспособноста на Пецо Димоски, кој нема капацитет со тековно работење и приходи на претпријатието да ги враќа долговите, а ниту да се справи со загубите на ЈКП „Пазари”, кои за 2013 изнесуваат околу 2,2 милиони денари.
За потсетување, на чело со Димоски, ЈКП„Пазари” за прв пат од своето постоење прикажа загуби, и до денес едвај економски преживува, трошејќи ги парите од граѓаните во вид на субвенции.
Почитувани сограѓани, Очигледно градоначалникот Ристески, не може да се одкаже од најблискиот соработник и универзален Димоски, истиот што беше претходно директор на болницата и началник на СВР Прилеп, и по цена што во континуитет го заглавува „Пазари”.
Ви Благодарам