sdsmprilep1Одговор на реакција од Општина Прилеп

Почитувани,
Контардикторноста на општинските власти, нема крај! Наспроти нивните напори, да претстават лажна слика дека во Прилеп се намалила невработеноста и наводно се отвораат нови стопански и индустриски погони, преку денешното соопштение конечно признаа и ги потврдија нашите тврдења, дека власта на ВМРО-ДПМНЕ го остави Прилеп без поголеми и посериозни индустриски капацитети и напразно ги троши народните пари.
Според тоа, неможеме да Ви посочиме некои големи индустриски капацитети кои го загадуваат возухот, но затоа ќе Ви повториме дека воздухот во Прилеп е загаден од следните причини :
1.Повеќе од 3/4 од населението се грее на дрва,бидејќи градот нема топлификација,а од гасификација и гасовод нема ни трага!
2.Во Прилеп се возат најстари возила, заради највисокиот процент на невработеност и сиромаштија во државата!
3.Единствено во Прилеп во зимскиот период, наместо индустриска сол како што се прави во цело опкружување.ж по улиците се фрла камена ризла, која остава камена прашина што граѓаните ја вдишуваат.

Центар за Комуникации
ОО СДСМ Прилеп