Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани сограѓани,

После цели 47 години, Прилеп добива нов, современ мост, граден според сите стандарди, со цел во наредните децении да им служи на граѓаните на нашата општина.

Истовремено, мостот на Градската река на улица „Трајко Николоски“, во голема мера ќе го растовари сообраќајот во централното градско подрачје, особено кога станува збор за товарните возила.

Мостот ќе биде долг 24, а широк 22 метра. Ќе има 4 коловозни ленти, секоја од нив широка по триипол метри, а од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки. Она што со сигурност можеме да го кажеме, е дека наесен, Прилеп ќе добие мост кој ќе претставува гордост за секој наш сограѓанин.

Почитувани,

Во изминатиот период, се изнаслушавме разни дезинформации поврзани со изградбата на мостот, кои опозициската ДПМНЕ ги пласираше со цел да ја омаловажи оваа капитална инвестиција на локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски.

Го нарекуваа „мовче“, лицитираа со неговата цена на чинење, велеа дека никогаш нема да биде изграден, дека е изборен маркетинг на СДСМ. На почетокот велеа дека ќе бил тесен, за да вчера опозициската „експертка“ која од мостови и патишта разбира само печалење пари од патарини, се пожали дека мостот бил премногу широк. Меѓутоа, од функционери на деструктивна партија како ДПМНЕ, ништо друго и ништо добро не може да се очекува.

Ефектите од работата на локалната власт предводена од градоначалникот Јованоски, како и од одлуките на мнозинството во Советот на чело со СДСМ, се видливи како никогаш порано. Градежната офанзива е присутна во секоја урбана заедница и во секое населено место во општина Прилеп.

Ветувањата кои им ги дадовме на граѓаните, ќе бидат исполнети до последното: булеварот „Гоце Делчев“, Градскиот стадион, мостот, новата градинка и покриениот базен.

За нас, дадениот збор важи.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат заглавени во деструктивните политики на нивниот ментор, унгарскиот бегалец Груевски, што се потврди со нивното однесување дури и во време на пандемијата на коронавирусот.

Тие не сакаат избори и институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, и не сакаат државата да оди напред.

Осамени се во нивната деструктивност и ништо не може да ги спаси од пораз на следните избори.