За 12 недели градоначалникот Јованоски санираше голем дел од 12 годишната штета на ДПМНЕ

Прес – Валентин Божиноски – Член на Советот на Општина Прилеп

Почитувани,

Очајните пресови полни со лаги и дискриминации се должат на хаосот и распадот во ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерието со кое се појавува во јавност криминалната ДПМНЕ се гледа преку односот на нивната советничка група, којашто не учествува на седниците на Советот, а за тоа се платени со пари од граѓаните на Општина Прилеп.

Советниците на ДПМНЕ се дрзнаа дури да ја напуштат и седницата на која се одлучуваше за помош на децата со церебрална парализа од Прилеп. Тоа е лажната грижа и душегрижност на ДПМНЕ за проблемите на граѓаните.

Лажна душегрижност на ДПМНЕ се виде и преку нивниот однос спрема фудбалската гордост на прилепчани ФК „Победа“.  Клубот го уништи партискиот послушник на ДПМНЕ, Гоце Ингилизов, којшто со непаричен влог од 5.000 евра стана газда на прилепска „Победа“ и сега го напушти клубот и го остави во милионски долгови.

Криминалната ДПМНЕ, нема образ да зборува ниту за нашите сограѓани од ромската популација. 12 години ДПМНЕ и Марјан Ристески ги злоупотребуваа како гласачка машинерија за нивните партиските интереси, а за тоа време ги оставија да живеат во нехумани услови, без вода, пат, канализација и струја.

За разлика од ваквиот пристап на Марјан Ристески и ДПМНЕ, градоначалникот Илија Јованоски, од првиот ден неуморно работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани на Општина Прилеп.

Во само 12 недели градоначалникот Јованоски, успеа да санира голем дел од штетата што претходната власт ја направи за нивното 12 годишно владеење.

Со домаќинско работење на градоначалникот Јованоски, веќе е вратен дел од долгот од 3.5 милиони евра што го остави Марјан Ристески, а се работи и на расветлување на начинот на којшто е направен тој долг!

Граѓаните на Прилеп допрва ќе дознаат и за сите злоупотреби и криминали што претходната власт ги правела во Локалната самоуправа, старскиот дом, јавните претпријатија и во сите останати институции!

Градоначалникот во соработка со Владата на РМ обезбеди 2.5 милиони денари за повеќе градежни активности во населбата „Три багреми, со што овие наши сограѓани ќе добијат струја и подобри услови за живот.

Како што вети, градоначалникот Јованоски, ја отвори општината за сите граѓани и ги вклучи граѓаните во донесувањето на буџетот и приоритетите на општината преку „Граѓанскиот парламент“.

Подготвена е техничката документација и обезбедени се средства за изградба на објектот за дневен центар за децата со церебрална парализа, со што е исполнето уште едно ветување на градоначалникот.

Граѓаните конечно имаат прилика да ја видат разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на СДСМ и криминалното и расипничко владеење на ДПМНЕ!