ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот, корпуцијата и непотизмот. Петар Ристески да се извини на прилепчани и да се повлечи од политиката

Почитувани,

Злосторничкото здружение на чело со почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите прилепски послушници предводени од Петар Ристески – Пеката, продолжуваат да шират лаги и клевети, мислејќи дека со тоа граѓаните ќе го заборават 12 годишниот криминал и непотизам на претходната власт.

Токму криминалната ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот како основен критериум за вработување во јавната администрација.

Локалната самоуправа, Јавните комунални претпријатија, основните и средните училишта, прилепската болница и другите локални и централни институции во Прилеп, се натрупани со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, од кои сега голем дел намерно работат спротивно на интересите и секојдневните потреби на граѓаните.

Впрочем, целата јавност ја слушна снимката каде Петар Ристески како директор на прилепската болница „Борка Талески“ самиот им порача на вработените дека сите тие се вработени во болницата не затоа што се способни, ами затоа што биле партиски членови!

За таквиот скандал Петар Ристески не си поднесе оставка. А, ниту тогаш, ниту сега не покажува достоинство и почит кон граѓаните и не се извинува за 12 годишниот криминал на неговите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ.

Серија на поднесени кривични пријави за злоупотреби на службени позиции и криминал со парите од граѓаните, со кои се опфатени Марјан Ристески, Ирена Стерјоска – Локвенец, Златко Ристески – Џекчето и многу други локални функционери од екс власта, се уште чекаат судска разрешница.

Затоа хидро лоповот Мицкоски и неговите прилепски послушници, продолжуваат да играат како што свири задграничниот комитет од Будимпешта, затоа што штитејќи го  Груевски тие се штитат самите себеси.

Граѓаните се свесни и знаат дека единствена правда што треба да ја добијат криминалците, е затворска.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп