Петар Ристески да се повлече од политиката и да се извини за сите криминали на ДПМНЕ

Соопштение до јавност

Почитувани,

Очаен и манипулативен обид на локалниот послушник на Груевски, Петар Ристески, токму на годишнината од 27-ми април – денот кога криминалците и најтесната фамилија од ДПМНЕ организираше крвав државен удар и обид за убиство на народни пратеници, да обвинува за непотизам и партиски вработувања.

Тоа е истиот тој Петар Ристески кој како директор на прилепската болница „Борка Талески“ им порача на вработените дека сите тие се вработени во болницата не затоа што биле способни, ами затоа што биле партики членови!

Тоа е истиот тој Петар Ристески, кој ја остави болницата во долг од 1,5 милиони евра, и незаконски и’ исплаќал плата на докторката д-р Ана Ингилизова, патем сопруга на поранешниот локален координатор на ДПМНЕ, Гоце Ингилизов, што е констатирано од Државниот инспекторат за труд.

Роднинските вработувања, криминалот, корупцијата, делењето тендери на фирми во сопственост на роднини на функционерите од ДПМНЕ, беше одлика на 12 годишното владеење на претходната локална власт, за што се покренуваат серија на кривични пријави.

Екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е опфатен со кривична пријава од надлежните органи дека наместил тендер од 1,2 милиони евра за зимско одржување на улиците. Фирмата на која и овозможил да го добие тендерот е „Пела транс“ во сопственост на Мире Синадиноски – чичко на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Златко Ристески, првиот братучед на екс градоначалникот Марјан Ристески, кој 12 години директоруваше со прилепски „Комуналец“ го оштетил претпријатието за половина милион евра и направил тешки злоупотреби.

Заради сето ова, старо-новиот координатор на ОК на ДПМНЕ, Петар Ристески, треба да се извини за сите криминали и неправди кои функционерите на ДПМНЕ им ги нанесоа на граѓаните, да се повлече од политиката и да дозволи реформи во локалниот партиски огранок. Локална опозиција, ослободена од стегите на криминалниот фактор, е здрава за развојот на општината.

Општина Прилеп со градоначалникот Илија Јованоски и неговиот тим, чекори напред и гради сигурна и просперитетна иднина за граѓаните, а криминалците ќе одговараат пред лицето на правдата.

 

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп