Лични податоци:
-Роден е на 21 Октомври 1968 година. Оженет е и татко на две деца.
– Образование: Доктор на одбрана
– Странски јазици: Зборува англиски и српски јазик
Професионална кариера:
– Вработен е во Министерство за одбрана- Прилеп од 1998 година до денес, а од 2002-2007 година бил Раководител на Одделението за Одбрана.
– Од 2013 година е и Визитинг професор на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович- Державин“- Свети Николе-Битола
Партиска кариера:
– Член е на СДСМ од 1991 година.
– Бил член на ЦО на СДММ од 1995-1996 година.
– Бил Претседател на СДММ-ЛК-Прилеп од 1996-1997 година.
– Бил Претседател на Општинската комисија за информирање и пропаганда од 1999-2004 година.
– Бил член на Извршен одбор на ОО-СДСМ- Прилеп во два мандати.
– Бил член на Комисиите и Советите за Безбедност и одбрана на СДСМ од 2003-2014 година. Од 2014 година е член на Комисијата за одбрана на СДСМ.
– Бил кандидат за Градоначалник на општина Прилеп во 2009 година.
– Бил член на Општинските изборни штабови од 1996-2014 година.
– За Заменик-координатор на Изборна Единица 4 (Координатор за ОО на СДСМ- Неготино, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кривогаштани, Могила и Новаци) е избран од ИО на СДСМ на 27 Јануари 2015 година.