zaevprilepЗоран Заев, Претседател на СДСМ

Почитувани пријатели, тргнавме со визија во која што искрено веруваме.
Нашата визија се вика да ја вратиме средната класа, да создадеме фер и праведно општество за сите. При таа визија, креиравме 350 мерки и решенија со чие што спроведување искрено веруваме, дека конечно ќе го вратиме балансот помеѓу социјалните класи во општеството.
Ќе го вратиме достоинството на живеачката, среќата кај граѓаните, надежта за иднината. И за денешните и за генерациите коишто доаѓаат после нас.


 Денеска е 21 век. Секој граѓанин ќе може бесплатно да земе потрошувачка електронска картичка. На пример, кога ќе одиме во дуќан да купиме за 1000 денари прехранбени намирници, ја даваме потрошувачката картичка, само да го регистрира готовинското трошење. Јас пак ќе си платам со парите. Кога ќе го пуштам моето дете да купи моливи од книжарница му ја давам мојата картичка, оти на мое име гласи, не може друг да ја употреби. Тој ќе го купи моливот, продавачот ќе ја помине картичката, ќе се регистрира купувањето. На секои три месеци одам во управа за приходи и ја отчитуваат картичката, го гледаат целиот промет, ДДВ-то се калкулира и го враќаат.

Ниту ќе треба да се собираат фискалните сметки, ниту нешто посебно треба организација за ова.
Со ова, 130 милиони евра пуштаме назад кон нашиот сиромашен народ.
Што ќе направи народот со тие пари? Ќе си ги плати сметките, ќе си ги плати даноците, ќе си растовари од тие 100 проблеми што ги има во семејството и малку ќе воздивне.
Голем процент од тие пари пак се враќаат во буџетот. Каде одат парите? Пак назад во буџетот. Ако државата знае да ги враќа назад кон граѓаните, граѓаните ги трошат одма или на одложен рок од 2-3 години, и да ги заштедат граѓаните, за 2-3 години ќе ги дадат за 2-3 соби на децата, оти семејството пораснало, да им обезбедат каде ќе можат да се омажат – оженат, да купат стан. Конечно се трошат парите и имаат мултиплицирачки ефект.
Ќе се зголеми вкупната потрошувачка во општеството.
Ќе си помогнеме себеси, а и на нашата земја.
Денеска оваа влада е позната по субвенциите, дава 1 евро по произведен тутун.
Обично едно семејство зема околу 1000 евра субвенции. Но, што се случува? На приходот којшто го има во поново време воведоа трансакциони сметки. И денеска, земјоделците мораат да платат персонален данок кога имаат приход поголем од 300.000 илјади денари. Така да, државата им дава 5 ама им зима 7 од друга страна, преку персоналниот данок на доход.
Тоа не е фер и праведно поставување на државата кон земјоделците.
Ние предлагаме земјоделците да не плаќаат персонален данок на доход. Да бидат ослободени и целата оваа сума да остане кај нив.
Прво ВМРО-ДПМНЕ вика ако дојде СДСМ ќе нема субвенции.
Па нека пукнат ако сакаат ќе има субвенции, ќе има повеќе од сега.
Ама ќе има повеќе субвенции од сега тоа што го даваат. Оти викаат 130 милиони евра, а за 2012 година кога беа 115 милиони евра, уште 70% се исплатени, 30% не се. Може и повеќе од 30% не се исплатени. Така да, го лажат сопствениот народ. Еден и пол буџет, тоа се 210 милиони евра го излажале својот земјоделец, не му ги пуштиле парите, го лажат дрско.
Ние велиме субвенциите ќе бидат навреме дадени, тогаш кога им треба на земјоделците. Тутунот сега кога ќе го предадат, веднаш да им дојдат субвенциите, а не ако има избори во април, пред избори дај им ги субвенциите. Производителите на жито, штом ќе го ожнеат, веќе на есен, да имаат субвенции да можат да ја почнат сеидбена сезона. Градинарите во март најдоцна мораат да ги имаат субвенциите. Да можат да засадат да расадат. Да стигнат на време. Така и субвенциите ќе имаат своја конечна цел и ефект. Ако денеска еден жител – производител произведува 2800 килограми од хектар, наредната година ќе има 10% повеќе субвенции, ако произведе 3000 килограми по хектар. Плус ќе биде заинтересиран да има плус наводнување, да има плус вештачко ѓубриво, да ја зголеми продуктивноста, сам да го научиме преку стимулирање, субвенции кои се викаат, преку субвенционирање, да заработува повеќе од хектар. Да ја зголемуваат количината со исто потрошени пари во производството.
Да останат повеќе пари.
Да го направиме по конкурентно земјоделското производство, а со тоа да остане земјоделецот среќен.