Криминалната ВМРО-ДПМНЕ којашто ги лажеше тутунарите дека СДСМ ќе ги укине
субвенциите, продолжува да ја злоупотребува маката на прилепските земјоделци за
ситни дневно-политички цели.

Субвенциите не само што не се укинаа, напротив се зголемија. И тоа: 80 денари за
прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета и четврта класа.

За СДСМ зборот е збор, затоа што ние го цениме и вреднуваме трудот на
земјоделецот.

Затоа Советот на Општина Прилеп донесе заклучок за обештетување на земјоделците,
со што за прв пат од буџетот на општината ќе бидат одделени средства за
обештетување на земјоделците кои претпреа штета од невремето.

На претходната власт на чело со Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ побитни им беа
тендерите и злоупотребите, наместо маката на земјоделците. Никогаш не исплатиле
ниту денар за обештетување на земјоделци, иако и претходно имаше случаи кога
земјоделските површини во прилепско беа погодени од невреме.

Криминалната ДПМНЕ, нема образ да зборува за здравството и повторно лаже за
лабораторијата, затоа што Прилеп е еден од градовите што ќе добијат референтна
лабораторија за испитување крв.

За негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за прилепската болница зборува и фактот што во 12
години власт инвестирале само околу 500 илјади евра за опрема. Впрочем тоа денес и
самите го изјавија. Вложиле исто толку средства колку што за адвокатски трошоци и
тужби потрошил екс директорот на Комуналец, Златко Ристески – Џекчето.

За среќа криминалното време на ВМРО – ДПМНЕ заврши и никогаш повеќе нема да се
повтори.

Прилеп и Македонија одат напред!

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп