vistinata za mkd br6 01Социјалдемократската младина на Македонија започна проект за дознавање на #ВистинатаЗаМакедонија, за криминалите на власта, за нејзината забеганост и алчност .
На терен, на пазарче, плоштад, на автобуска станица за изворно да се слушнат и коментарите на граѓаните, но и да ја презентираме алтернативата, за повеќе да не се повтори ова зло.
И покрај медиумскиот мрак и обидот да се релативизира или целосно да се спречи вистината, граѓаните се охрабруваат.
Ве повикуваме да се приклучите во оваа заедничка битка. Секој да биде медиум, секој од нас да биде гласник на вистината!
Слободата и демократијата се достижни идеали и вредности. Со искрени заложби и посветеност повторно да станат македонска реалност #СДММ