VeleskiИнтервју на претседателот на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Сашо Велески за sdsm.org.mk

Кои се вашите приоритети во раководењето на Општинската организација на СДСМ Прилеп?

Велески: Воспоставување на четири „Столбови” на функционирање, со нивно максимално можно реализирање:

1. Институционална поддршка на членството

– грижа за секој член со посветување на максимално внимание и почит ;
– создавање на база на податоци за секој член поодделно со детектирање на нивните потреби, можности и потенцијали;
– создавање на силен сектор за аналитика од каде би се црпеле неопходните информации;
– стекнување на доверба на членовите во партијата.

2.Вработувања

– во услови на опозиција да се направат максимални напори за вработување на наши членови, кои се на работ на егзистенцијална издржливост;
– минимум 30 вработувања, во приватен сектор во општината со претходно договарање со сопствениците.

3.Финансирање

– воведување на т.н. дисперзирано финансирање, со пронаоѓање на правни и физички субјекти кои се спремни да финансираат пониски суми, но редовно и навремено без да осетат поголем финансиски товар;
– одржливост на процесот;
– редовност во исполнувањето на статутарната одредба за плаќање на месечна членарина;
– максимално почитување, без исклучок, на Законот за финансирање на политичките партии.

4.Невладин и граѓанаски сектор

– соработка со постоечки НВО и здруженија и промоција на нашата политика;
– помош при формирање на нови НВО во нашата општина со ангажирање на млади, способни и едуцирани поединци;
– максимална наша присутност во традиционалните медиуми, како и на се поприфатените социјални мрежи за промовирање на нашите идеи, активности и проекти.

Кои ќе бидат Ваши први активности по изборот на претседател на Општинската организација на СДСМ Прилеп?

Велески: Први активности по изборот на претседател на Општинската организација за кои ќе се залагам да бидат реализирани во целост ќе бидат следните:

– насочување на целокупната наша политичка енергија кон политичките противници;
– вклучување на локални авторитети и непартиски , а препознатливи личности, во телата на партијата;
– враќање и активирање на поранешни видни членови, кои од најразлични причини до сега се дистанцирале од работата на Општинската организација на СДСМ – Прилеп;
– по воспоставувањето на структурата на Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Секретарот на ОО, ќе се премине кон доекипирање или реконструирање на претседателите и секретаријатите на месните организации;
– конституирање на микро-структура на ниво по избирачки места (претседател и оперативен тим);
– комплетирање на структурата на делегатите на Општинска Конференција на СДСМ;
– формирање на работно/оперативно тело составено од сите претседатели на месните организации;
– перманентни контакти со членството и подигнување на нивното учество во донесувањето на поважни одлуки во Општинската организација на СДСМ – Прилеп;
– распишување на внатре-партиски конкурс за формирање на работни комисии при Општинската организација на СДСМ – Прилеп (членови, симпатизери, надворешни еминентни експерти по разни области);
– интензивирање на делувањето на Совет на ветерани на СДСМ – Прилеп;
– активна соработка со Урбаните/Руралните Единици во Општина Прилеп (работни средби надвор од просториите на Општинската организација, во просториите на УЕ-општински домови), со граѓани и разни структури на население.
– во зависност од финансиските можности ќе се отворат дислоцирани работни простории во најголемите Урбани единици – Локални канцеларии на СДСМ за доближување на политичките ставови и активности до членството, симпатизерите и граѓаните;
– засилување на делувањето на Советничката група, поткрепена со ставови и материјали од работните комисии;
– организирање на тематски прес-конференции за презентација на нашите видувања и забелешки на работата на локалната самоуправа и градоначалникот;
– организирање на трибини со помош на НВО, здруженија на граѓани, независни експерти, фондации со цел промовирање на социјалдемократијата како политичка опција најприфатлива за повеќе целни групи на граѓани;
– лоцирање на незадоволни граѓани од различни социјално ранливи групи, нивно анимирање и придобивање со про-активен пристап и предлагање на излезни решенија, правни совети и други интелектуални услуги;
– зголемена активност за привлекување на млади членови преку нудење на атрактивна програма за политичко делување;
– активно делување, контакти и соработка со деловните субјекти, како и со регионалната стопанска комора во Прилеп, како и приближување на нашите ставови и политики пред бизнис заедницата на локално ниво;
– изработка на т.н. Социјална карта на нашето членство, со цел детектирање на сопартијци на кои им е потребна било каква форма на помош. Тоа би претставувала и база при политиката на вработување на социјално најзагрозените семејства;
– формирање на работна група во состав на Комисијата за економија и финансии за перманентно следење на потребата за вработување во градот;
– континуирана и директна комуникација со граѓаните, нивно запознавање со генералните партиски политики и насоки на дејствување, како и нудење решенија за нивните проблеми;
– детална анализа на работата на ЕЛС Прилеп и градоначалникот, заедно со ЈКП во повеќе сфери од нивното работење.

Кој проблем според Вас е најгорлив проблем во вашата општина и како би го решиле?

Велески: Постојат повеќе горливи проблеми во Општина Прилеп, а како најгорливи во оваа прилика би можел да ги издвојам:

1. Невработеноста – Општина Прилеп е со реално најголем број невработени лица во Република Македонија. Како поранешен координатор на Советничката група на СДСМ во Општина Прилеп и активен Советник, локалните проблем ми се добро познати. Решенијата ги понудивме во програма, а во оваа прилика ќе понудам само кратко образложение со понудени излезни решенија:

– Потстрек за нови иновации и претприемачи;
– Искористување на природните ресурси до максимум (мермери, храна, земјоделие и сточарство);
– Промоција на прехрамбената индустрија;
– Зона за ЛЕР-Лагово;
– Фонд за пристап кон ИПАРД и ИПА;
– Општински центар за изучување занаети ;
– Решение за невработен педагошки кадар, медицински кадар, кадар од општествените науки
– Основање „Бусинесс Старт УП Центер”;
– Развивање на малите семејни бизниси;
– Изградба на потребна инфраструктура во индустриска зона „Металец”;
– Развој на алтернативен туризам;
– Занаетчиите да не плаќаат данок;
– Поддршка и посредништво од Општина Прилеп за изнаоѓање инвеститори.

2. Сиромаштијата која ќе се намали преку:

– Станови за граѓаните од социјалната група и пензионери;
– Зона за Економски Развој – Старо Лагово;
– Донација за новородени деца;
– Донација за новосклучени бракови;
– Помош за секој ученик од социјално загрозено семејство;
– Грижа за пензионерите со мали пензии;
– Формирање центри за бегство од сиромаштијата;
– Прифатни центри за бездомници;
– Помош за самохраните родители.

3. Непродуктивно и непрофитабилно земјоделие за кое ги нудиме следните излезни решенија:

– Намалување на надоместокот за наводнување и одводнување;
– Изградба или реставрација на дополнителна хидросистемската мрежа;
– Изготвување стратегија за помош на земјоделските производители
– Чистење на одводни канали;
– Проект за поддршка на земјоделството и руралниот развој ;
– Изработка на стратегија за органското земјоделско производство;
– Изградба на вештачки и природни поила;
– Реконструкција на спортските аеродроми за хемиска заштита на површините;
– Окрупнување на земјиштето;
– Изградба на капацитети од преработувачката индустрија и ладилници;
– Решение на проблем со недостаток на пасишта за стоката.

4. Ниско ниво на комунална инфраструктура кое ќе го решаваме со:

– Пробивање и асфалтирање на пат Прилеп – Вештачко Езеро – Градско;
– Збогатување на капацитетот на РВС „Студенчица”;
– Гасификација на Прилеп;
– Решение за санитарна депонија „Алинци”;
– Изградба на спортско рекреативен центар „Вештачко езеро”;
– Изработка на физибилити студија за уредување на градската река;
– Реставрација и опремување на спортска сала ДТВ „Партизан”;
– Изградба на 4 мостови на градската река;
– Санација на фасадите на за постигнување енергетска ефикасност;
– Изградба на современи градски јавни тоалети;
– Изградба на подземни сообраќајници;
– Реконструкција на постојниот пат до локацијата „Вештачко езеро”;
– Реконструкција на патот до новите градски гробишта.

5. Се поголем број на млади луѓе го напуштаат Прилеп, а за да спречиме тоа ќе се насочиме кон:

– Изработка на локален младински акционен план за вработување;
– Регрутирање на кадри во креативни индустрии;
– Организирање на општествено корисна работа и волонтирање;
– Отворање на Младински Инфо Центар;
– Организирање на Детски културен центар;
– Организирање на Младински технички центар.