sojuz-za-idninata-prilep

Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани граѓани,

Денес стоиме пред вас сплотени и единствени, одлучни и решителни. Застануваме заедно во “Сојуз за иднината “, на чело со идниот градоначалник на Прилеп – Хари Локвенец, да обезбедиме сигурна и стабилна иднина за Прилеп и прилепчани. Ние ќе понудиме решенија за економски развој и достоинствен живот за сите граѓани, а не само за поединци. Затоа ве повикуваме да ни се придружите.
По 8 години на власт и потрошени 90 милиони евра народни пари, после лажни ветувања, ароганција, расипништво, корупција и безидејност на Марјан Ристески и ДПМНЕ, Прилеп денес е:
-Град на беда и сиромаштија, град на мизерија и социјални случаи,
-Град со над 40 % невработени, црн рекордер во цела Македонија, без инвестиции, без нови фабрики,
-Град на блокирани сметки и судски извршители .

Почитувани прилепчани, ве охрабруваме, во следните 4 месеци да не подлегнувате на уцените, заканите и притисоците од страна на власта во заминување. На следните избори нив ќе ги стаса голема народна казна.
Ние сме обединети и секој ден сме побројни. Секој ден, од врата до врата, очи во очи, заедно со вас ги пишуваме проектите и решенијата за Прилеп.
Прилеп заслужува прогрес и развој. Младите заслужуваат можности за работа и семејство во својот град. Затоа ги повикуваме сите добронамерни граѓани, работници, земјоделци, интелектуалци, и професионалци, да ни се придружат во остварувањето на таа цел.
Сите сакаме подобра иднина, повисок стандард. Ни треба нова надеж за Прилеп.
Ни треба Хари Локвенец за градоначалник на Прилеп!

Ви благодарам