Почитувани,
Новата реформска Влада предводена од СДСМ, започна со исплата на земјоделските субвенции и покрај финансискиот хаос наследен од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите за земјоделците, вклучително и за тутунарите, ќе бидат во целост исплатени во законскиот рок.
Претходната Влада остави случаи на неисплатени субвенции од 2013, 2014, 2015 година.
За СДСМ и за новата Влада на Република Македонија зборот е збор!
Заврши времето на криминални политики за лични богатења, кога се трошеа по 600 илјади евра за луксузни мерцедеси и милиони евра за скапоплатен барок, додека земјоделците и сите останати граѓани тонеа во сиромаштија.
Заврши времето на делење субвенции по партиска линија, на богатење лажни земјоделци, на уцени и притисоци за вистинските земјоделци како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ, преку сериозна помош и вложување во земјделството, повторно ќе им го врати достоинството на земјоделците кои ќе бидат почитувани и вреднувани за нивниот труд.