Почитувани,
Општинската Организација на СДСМ од Прилеп, од денес започна со спроведување на делот од новата стратегија на партијата, наречен „работиме заедно”.
Со 50 тимови, составени од видни и истакнати членови на партијата, го започнавме теренскиот контакт со граѓаните на Општина Прилеп, со намера да го слушнеме нивното мислење и да им понудиме шанса директно да влијаат врз општествените текови во Прилеп и Македонија.
Нудиме искрена можност на секој одговорен граѓанин на Прилеп кој е загрижен за иднината на земјата, да се активира и да одлучува за својата иднина.
Цврсто сме решени да го вратиме правилото дека навистина се зависи од граѓаните и дека Владата не треба да диктира, туку да ги слуша, да им служи и да ги решава нивните проблеми.
Со почит!
ОО СДСМ Прилеп