Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп

 

Почитувани,

12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, го уништи здравствениот систем во државата и предизвика огромни штети врз здравјето на граѓаните.

Со расипничко и криминално трошење на парите, ВМРО-ДПМНЕ ги остави болниците во долгови, без неопходната опрема, без доктори и специјалисти скоро во сите одделенија.

Прилепската болница „Борка Талески“, беше само една од таквите здравствени институции каде пациентите беа понижени и оставени без соодветна грижа за нивното здравје, а болницата служеше само за згрижување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа најдобро го знае координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески  кој како директор на болницата самиот им рече на вработените дека се тука не затоа што се способни, туку заради партијата.

Петар Ристески, покрај сето ова, прилепчани ќе го паметат по тоа што физички се пресметуваше со свој колега стоматолог во центарот на Прилеп, пред очите на стотици граѓани.

За разлика тие времиња, денес со одговорно, темелно и пред се’ чесно работење на раководството на прилепската болница „Борка Талески“, оваа наша здравствена институција конечно прераснува во вистинско место каде граѓаните можат достоинствено да се лекуваат.

Прилепската болница веќе располага со две нови санитетски возила, едното благодарение на личните заложби на градоначалникот Јованоски, кое од вчера е веќе во функција, а другото набавено во 2018 година со средства од болницата.

Во изминатите две години реновирани се поголем дел од одделенијата, во тек е комплетна реконструкција на амбулантите и санитарните јазли, набавена е опрема за нормално функционирање на болницата, меѓу што 2 операциони стола, плазма стерилизатор, 10 пациент-монитори, еден анестезиолошки апарат, по 2 холтери за крвен притисок и за ЕКГ, апарат за ласерска терапија во физикална терапија, ехо апарат во хируршко одделение, 100 болнички кревети и друга опрема.

Годинава, што е посебно важно, од прилепската болница на специјализација се упатуваат 15 доктори, а недостигот на стручен кадар се надополни со вработување на 30-на здравствени работници.

Почитувани, за нас зборот важи. Прилепчани добиваат здравство по мерка на граѓаните.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп