lokvenecПочитувани,
Прилепската болница е доведена на раб на катастрофа, нема греење и топла вода ниту во болничките соби, ниту во амбулантите, ниту во операционите сали.
Како и претходнaта година, по заслуга на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и оваа зима пациентите и докторите ќе мора од дома да си носат греалки за да се згреат.
Сметката на болницата е блокирана за долг од околу 120 милиони денари, набавката на мамограф за рано откривање на малигни болести никако да се случи, а во сите одделенија недостигаат апарати и специјалистички кадар.

За хаосот и ужасот во болницата да бидат комплетни, пациентите се приморани голем дел од лековите да си ги купуваат самите.
Вака ли Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го замислуваат здравството во 21-век?
Од тука, од пред прилепската болница „Борка Талески”, која според речникот на лекарите се наоѓа во „клиничка смрт”, сакам да упатам неколку прашања до министерот за здравство Никола Тодоров:
Дали тој лично би се лекувал во болница, во која нема лекови и основни средства за хигиена?
Дали би ја донел својата сопруга на породување во „камен ладна” родилна сала и гинеколошко-акушерско одделение кое едвај функционира со двајца гинеколози?
Почитувани,
СДСМ го поставува здравјето на граѓаните на прво место и од Никола Тодоров, универзалниот министер во Владата на Груевски бараме, веднаш да се откаже од замајувачки и нефункционални проекти како „ало докторе” и да се зафати со решавање на суштинските проблеми во прилепската болница.