Соопштение до јавност
Почитувани сограѓани, жители на градот херој, отпорот продолжува!
Денес, Вторник 15.01.2013година, од Прилеп, градот револуционер, започнува караванот со кој раководствата на партиите од „Сојузот на Иднината” ќе ги предводат протестните маршеви низ цела Македонија.
Денес во 17.30 од пред хотел Скопје ќе тргне гордата колона прилепски херои, на чие чело ќе застане лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски.
Бидете и Вие дел од отпорот против режимот и диктатурата. Приклучете се! Бидете дел од борбата за слобода и демократија. Бидете дел од маршот за достоинствен живот во Прилеп! Не дозволувајте да ви биде украдена иднината.
Револуцијата почна и запирање нема! Отпорот е наша должност! Македонија над се!
Со почит
СДСМ Прилеп