Почитувани,

Со лажни, злонамерни и паушални обвинувања за работата на актуелното раководство
на Тутунски комбинат – Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокрие 12. годишното
криминално менаџирање со оваа компанија од страна на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и
Никола Груевски.


Благодарение на таквите криминални политики на Никола Груевски, а кои сега упорно
ги брани антизападниот Мицкоски, стотиците акционери во Тутунскиот комбинат –
Прилеп останаа без вредноста на своите акции.

12 години директорите од ВМРО-ДПМНЕ, именувани лично од Никола Груевски, на
крајно бескрупулозен начин го раскрчмуваа имотот на комбинатот и натрупаа долгови
во висина од над 140 милиони евра.

Прилепчани паметат како се уништуваше Тутунскиот комбинат, додека братот
пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, беше дел од Бордот на директори и
комерцијалниот сектор на оваа компанија, од каде замина со 15.000 евра отпремнина,
за да веднаш потоа стане член на Управен одбор на Јавното претпријатие
„Студенчица“.

За разлика времето кога во најголема тајност криминалот беше под заштита на ВМРО-
ДПМНЕ и Никола Груевски, денес Тутунскиот комбинат – Прилеп работи отворено,
чесно и транспарентно, на задоволство на вработените и тутунопроизводителите, а
сите релевантни институции можат да извршат увид во работењето на компанијата.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 11.01.2019