Гордана Бошкоска – Член на Комисија за труд и социјална политика при ОО СДСМ Прилеп
Почитувани,
Со посветено и одговорно работење, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за само две и пол години владеење го унапреди системот на детска заштита и драстично ги зголеми платите на вработените во градинките.
Само во изминатата година, над 3.100 воспитувачи, негуватели, стручни работници и соработници, педагози, психолози и други вработени кои се директно поврзани со згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишната возраст, добија покачување на платите за 21 отсто
Изразено во бројки, без при тоа да се вкалкулира минатиот труд, нето платата на воспитувачите е покачена за 5.744 денари, а кај негувателките за 4.339 денари.
Во просек, покачувањето на нето платата на стручниот кадар во градинките изнесува 4.585 денари, која со пресметан минат труд доаѓа уште повисока.
Ова е до сега најголемо зголемување на платите за оние кои се грижат и ги воспитуваат нашите деца во градинките.
Значително покачување на платата во изминатата 2019 година, согласно колективниот договор, доби и помошно-техничкиот персонал во градинките
Власта на СДСМ за само две и пол години им го врати достоинството на вработените во градинките, кои со години наназад беа заборавени и потценети од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Се движиме на правиот пат, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и го подобруваме системот на детска заштита и ран детски развој.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп