Врз основа на член 68 од Статутот на СДСМ, Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, Правилникот и Роковникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и градската организација на СДСМ-Скопје, усвоени на првата  седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 27.11.2024 година, се објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

за самокандидирање за Претседатели на Општинските  организации на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за Претседател на Општинската  организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на Општинската организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје:

Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на кандидатури за претседател на општинската организација лицата потребно е да ги исполнуваат следните услови:

  • Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнети 18 години старост;
  • Да имаат деловна способност;
  • Да бидат членови на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во моментот на поднесување на кандидатурата;
  • Во целост да ги почитуваат позитивните законски прописи на РСМ и да не се води судска постапка за било какви дејствија спротивни на закон;
  • Да уживаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење;
  •  Да ја има подршката од сите етнички заедници, во својата локална средина, од граѓаните и населението да бидат прифатени како совесни и исполнителни  личности кои се вбројуваат помеѓу оние со највисок јавен и професионален углед;
  • Да поседува дополнителни вредности и капацитет за мобилизирање на граѓани;
  • Во целост да ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија;
  • Целосно да го почитуваат Статутот на СДСМ;
  • Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
  • Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво да поседуваат силни политички и организациски способности да бидат подготвени за воведување на современи методи и технологии за работа да поседуваат вештини за јавен настап.

Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават во период од 29  ноември  до 06 декември 2024 година  до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.“Павел Шатев“ бр.8 Скопје.

Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и програма, пријава за самокандидирање, пријава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и правилник за постапката) се објавени на огласна табла во просториите на општинските организации на СДСМ и просториите на Градската организација на СДСМ-Скопје, како и на веб страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  – www.sdsm.org.mk.

Дополнителни информации и обрасци за постапката:

ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање за Претседатели на Општинските организации на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје (ЛИНК)

ПРИЈАВА за самокандидатура за претседател на ОО/ГО на СДСМ (ЛИНК)

Стандардизиран формулар за биографија на кандидати за Претседатели на Општински организации на СДСМ (ЛИНК)

Изјава за почитување и придржување кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (ЛИНК)

ПРАВИЛНИК И РОКОВНИК ЗА ПОСТАПКАТА, НАЧИНОТ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА КАНДИДИРАЊЕ И ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОРГАНИТЕ И НОСИТЕЛИТЕ НА ФУНКЦИИ ВО ОО НА СДСМ И ГО НА СДСМ-СКОПЈЕ (ЛИНК)