Почитувани,

Поради високите температури кои изминативе денови ја зафатија државата, денеска младите активисти од Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Прилеп, спроведоа акција за делење флаширана вода за пиење на случајни поминувачи во центарот на градот.

На повеќе локации во централното градско подрачје, младите им делеа вода на граѓаните кои ги извршуваат своите тековни обврски, на пензионерите во парковите, а со цел да им помогнат да се разладат и полесно да се справат со горештините.

При тоа, младите апелираа на повозрасните граѓани кои тешко се справуваат со жештините, да се придржуваат на препораките и советите од здравствените работници за вакви временски услови.

За утре, младите прилепски социјалдемократи заедно со Општинската организација на Црвениот крст од Прилеп, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, во просториите на ОО СДСМ – Прилеп организираат хуманитарна крводарителска акција, под мотото „Дарувај крв – спаси живот“.

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Прилеп, најавува серија на други општествено – хуманитарни  и еколошки активности.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп