sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ – 20.03.2013

 

Почитувани млади од ДПМНЕ,

Не дозволувајте повеќе да бидете злоупотребувани од старите, потрошени, безидејни и лицемерни политичари од вашата партија, како што е Марјан Ристески. Наместо да пречитувате исти пресови од 2011, за кои од вашиот центар за лаги и манипулации не се ни потрудиле да го променат текстот, прашајте го досегашниот градоначалник:

-Зошто не се огради од неговиот премиер Груевски, со чиј потпис беа ликвидирани и испратени во стечај најголем дел од прилепските фирми!

-Зошто во 8 години потроши 130 милиони, а не создаде ниту еден услов за отворање нови рабони места за младите!

– Зошто од Прилеп, направи Општина на беда, сиромаштија и рекордер по невработеност, со најмногу иселени млади?

Затоа млади од ДПМНЕ, повторно ве повикуваме, во име на развојот и иднината на сите млади од Прилеп, гласајте за Хари Локвенец, заокружете број 42 и помогнете им на вашите врсници да остварат работа во Прилеп. Дојдете вечер на митингот да го видите новото лице на СДСМ-Хари Локвенец, кој нуди реална програма и тим за достоинствен живот и повисок еконосмки стандард на сите.

Со почит,

СДСМ Прилеп