Hari Protest 2Локвенец: Народот е дефинитивно охрабрен , ова е само показател за храброста на народот, и за решителноста да се оди до крај. Што претставува крај ? Предвремени парламентарни заедно со локалните избори !

 

Новинар: Дали треба да си замине, да даде одговорност за она што се случуваше на 24ти ?

Локвенец: Одговорност дефинитивно треба да има за на 24-ти, мора да има. Ние во нашите барања , меѓу другото едно од барањата , одговорноста ја лоциравме и на таа адреса дали тоа ке се случи сепак одговорот е во нивни раце.

Новинар: Дел од медиумите за Прилеп пишуваат дека Хари Локвенец не се приклучил на отпорот, дека не сте биле на митинзите?

Локвенец: Посебно ми е драго ова ваше прашање. Хари Локвенец за време на посетата на Бранко Црвенкоски во Прилеп, беше на официална посета на Германија, беше на бундестагот и во пет општини на покраината Саксонија Анхлт, по нови знаенја, по искуства како всушност послесно да се стигни до Европските фондови и пари и како да се практицира вистинската европска политика на локално ниво.

Новинар: Значи вие сте со вашата партија и останувате?

Локвенец: Не што останувам со мојата партија. Прилеп покажа, и мене ми е многу драго дека е лидер на отпорот во овој момент во државата. Ги покажа своите револуционерни, слободарски традиции, меѓутоа и квалификации, со самото тоа покажавме дека сме со отпорот,а Хари Локвенец како составен дел на Прилеп и прилепчани заедно со својот народ, да останува со отпорот и со својата партија.
{gallery}2013/januari/hlsk{/gallery}