Изјава на кандидатот за градоначалник на Прилеп од Сојузот за иднината – Хари Локвенец, 13.03.2013
Почитувани
Од 30ти Јуни, скоро 9 месеци, сме меѓу граѓаните, одиме од врата до врата, разговараме отворено за сите проблеми со кои се соочуваат прилепчани. А ги има многу. Консултирајќи се и со експерти, ние ги дефиниравме проблемите, и ги поставивме приоритетите кои ќе ги решаваме со нашата програма.
-Нема да има повеќе поплави – ќе направиме одводен канал на Селечка, и конечно ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето, преку збогатување на капацитетот на РВЦ „Студенчица“
-Ќе извршиме пробивање и асфалтирање на патен правец помеѓу вештачкото езеро и преминот Плетвар. Ќе ги реконструираме постојните патишта до вештачкото езеро и до новите градски гробишта со осветлени пешачки и велосипедски патеки,а ќе изградиме заштитена пешачка патека на улиците Леце Котески и Савска.
-Ќе отвориме нови основни училишта во населбите „Кузман“, „Сточно пазариште“, и кај старите оранжерии до „Вишне“ како и центри за дневен престој на основците. Фасадите на училиштата целосно ќе ги санираме, за постигнување енергетска заштеда.
-Спортската сала ДТВ „Партизан“ ќе ја обновиме и опремиме.
– Ќе изградиме 4 нови градинки, во населбите: „Точила-Варош“, „Корзо“, „Жабино маало“, и една градинка во с.Канатларци.
На крај, сакам јасно и концизно да кажам дека, ќе го укинеме платениот паркинг во Прилеп. На целата територија на Општина Прилеп, нема да се наплаќа за паркирање, а ќе ја укинеме и пајак службата. Вработените од овие служби, што е многу важно, да не се секираат, ќе останат на работа прераспределени во другите општински одделенија.
Ви благодарам