Оваа рушевина зад нас е најголемото наследство од децениското владеење на Марјан Ристески.
Наместо современ спортски објект, стадионот Гоце Делчев е целосно уништен и оставен да потсетува на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот во заминување уште во 2013 ветуваше и лажеше дека Прилеп ќе добие градски стадион по сите стандарди на УЕФА и дека инвеститор ќе биде општината во соработка ФФМ. Иако во 2015 година градоначалникот и ФФМ потпишаа договор со кој најавија инвестиција од 1 милион евра за стадионот, иако пред парламентарните избори во 2016 церемонијално го ископаа теренот, денес нема никаква градежна активност.
Времето покажа дека ветувањата за модерен стадион со капацитет од 18 илјади седишта, од кои 5 илјади со покриена трибина, соблекувални и простории за службени лица, терен со дренажен систем, како и рефлектори за ноќно играње останаа само лага за политички поени. Денес, стадионот е во мизерна состојба, теренот е обраснат со трева, трибините распаднати а столчињата искршени.
Овој распаднат објект зад нас е само уште еден доказ за неспособноста на Ристески и ВМРО-ДПМНЕ да ја водат Општината. Прилеп не заслужува локална власт која ќе мисли само на сопствено богатење додека интересите на граѓаните паѓаат во втор план.
Токму затоа, веќе наесен граѓаните на Прилеп ќе се изборат за промени на локално ниво. Новата локална власт предводена од СДСМ, заедно со новата реформска Влада на Република Македонија ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и ќе го врати фудбалот на заслужениот пиедестал во Прилеп.