Прес-конференција на Александар Китаноски, член на Советот на општина Прилеп
Ова e опасната “црна точка“ во непосредна близина на новата прилепска автобуска станица, која сериозно ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Во насока на изнаоѓање решение за сообраќајниот јазол, едно од главните изборни ветувања на Борче Јовчески и ДПМНЕ беше иградба на кружен токму на ова место.
Ама како и сите останати ветувања и тоа влезе во категоријата „кажано – излажано“.
Прилепчани знаат со какви ризици се соочуваат возачите на моторни возила, велосипедистите и пешаците во овој исклучително фреквентен дел од градот. Впрочем, бројните сообраќајни несреќи кои се случиле на ова место, доволно кажуваат за неопходноста од итно решавање на проблемот.
На местото каде се вкрстуваат 5 нерегулирани улици дополнително оптоварени со влез и излез во и од автобуската станица, како и со несоодветна сообраќајна сигнализација, изградбата на кружен тек се наметнува како единствено логично решение.
Но како и во многу други случаи, локалната власт на ДПМНЕ покажа дека нивното практикување на власта и логиката немаат многу заеднички нешта.
Ама дека тие секогаш можат полошо, потврдува нивната намера да направат кружен тек таму каде што веројатно и најмалку треба – кај јарболот, пред поранешната Градска кафеана.
Ако служи за утеха, среќа е што нема да имаат време да ја реализираат својата бесмислена намера.
Ако е и од ДПМНЕ – доста е!