Кире Станкоски– Секретар на ОО на СДСМ Прилеп

 

Новата реформска Влада сериозно ќе се зафати со решавање на проблемите во претпријатијата и ќе стави крај на сите злоупотреби на работиците и фабриките.

11годишното криминално и коруптивно раководење на кадрите на Никола Груевски во Тутунскиот комбинат Прилеп резултира со целосен финансики колапс на комбинатот и несигурна иднина на вработените.

Само во првите три месеци од оваа година Комбинатот има загуби од скоро еден милион евра, кажува извештајот од Македонска Берза.

Во меѓувреме, растат долговите, се раскрчмува имотот, акционерите останаа без своите акции, а во последните две години без работа останаа и околу 600 вработени лица. Акумулираните загуби достигнаа фрапантни 8 милијарди и 700 милиони денари или 140 милиони Евра.

Потврда за тоа е извештајот за финансиското работење на Тутунски комбинат Прилеп за 2016 година, изработен од страна на независната ревизорска куќа „Грант Торнтон“и таму стои дека Комбинатот во 2016 година има загуба од околу 2 милиони евра, што е спротивно од најавите на Ген. Дир Дерменџиев дека Комбинатот ќе има позитивна завршна сметка.

Ревизорот нагласува и дека ваквите показатели можат да предизвикаат сомневање во способноста на друштвото да продолжи со своето деловно работење!

Последното Акционерското Собрание на кое требаше да се усвои извештајот за работењето и завршната сметка за 2016 год. не се одржа поради неприсуство на претставник на државниот капитал кој изнесува 82%.

Затоа, согласно законите, ги повикуваме членовите на бордот директори да не носат одлуки, бидејќи повеќе не се легитимни и за сите донесени одлуки ќе сносат одговорност.

Новата реформска Влада предводена од СДСМ, детално ќе го преиспита работењето на сите директори на комбинатот во изминативе 11 години, но и активно ќе се зафати во решавање на сите наталожени проблеми во овој некогашен гигант, а со цел повторно да има задоволни вработени и тутунопроизводители.