Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

За помалку од две и пол години станавме модерна и европска држава, а успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ, се признаени од целиот демократски свет.

Затоа гордо кажуваме: државата е на прав пат!

Тоа е патот на развојот и просперитетот. Тоа се повисоките плати во сите општествени сектори, градежната офанзива на патишта, огромната социјална помош, враќањето на парите директно кај граѓаните, повисоките субвенции и инвестиции во земјоделието, бескомпромисната борба против корупцијата.

Во изминатиот период, организиравме стотици урбани и маалски средби со граѓаните. Го слушнавме нивниот глас и заедно го трасиравме овој пат, кој води напред во подобра иднина за сите.

Продолжуваме така, со отворен, искрен и чесен пристап, преку директни средби и разговори со граѓаните, да ги изнаоѓаме решенијата на проблемите и да ги градиме државните и локалните политики.

Затоа ве повикувам да се приклучите на граѓанската трибина, која ќе се одржи утре, сабота, 26.10.2019, со почеток во 13 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која ќе се обратат: претседателот на СДСМ, Зоран Заев, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Почитувани сограѓани,

Историската грешка која Европската унија ја направи спрема нас, не смее и нема да не’ обесхрабри. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за да ги донесеме тука европските вредности, стандарди и реформи.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радуваа и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност.

Коалицијата на Мицкоски го промени само името, а во суштина ништо не се сменето. Тоа е коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата.

Затоа на предвремените парламентарни избори на 12 април, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат вистински дебакл, а граѓаните ќе го потврдат исправниот пат по кој забрзано се движи нашата земја.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп