Кети Смилеска – пратеничка во Собрание на Република Северна Македонија

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ го слуша гласот на граѓаните и ги решава нивните проблеми.

Се решава долгогодишниот проблем со прилепската фабрика во државна сопственост „11. Октомври – Еурокомпoзит“, којшто претходната власт на чело со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше.

Владата на СДСМ го усвои и го достави до Собранието Предлог законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во прилепски „Еурокомпозит“.

На овој начин, Владата го исполнува главното барање на поранешните и сегашните вработени во компанијата.Во пракса, тоа значи дека на работниците ќе им бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, кои отприлика изнесуваат 2.000.000 евра.

Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе го поддржи и ќе гласа за овој Предлог закон, со што ја исправаме долгогодишната неправда кон вработените од „Еурокомпозит“.

Иако не е потребно двотретинско мнозинство и Законот може да се донесе само со гласовите од позицијата, сепак ги повикуваме и пратениците од опозицијата да ги надминат партиските интереси и да го поддржат овој Предлог закон во интерес на Прилеп и работниците од „Еурокомпозит“.

Почитувани,

За нас дадениот збор, важи.

Продолжуваме да спроведуваме мерки што се во интерес на граѓаните, кои ги решаваат долгогодишните проблеми и кои обезбедуваат економски раст и развој.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп