Реакција на Прес од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

sdsmprilep1Почитувани млади од ДПМНЕ,
Со Вашиот промашен прес, уште еднаш потврдивте дека сте обична потрошна алатка во рацете на потрошениот Марјан Ристески и последниот транзиционен политичар Никола Груевски. Истите оние кои после 8 години промашено владеење, неповратно ја уништија иднината на многу генерации Ваши врсници.
Како не се срамите од Вашите стари ментори, кои создадоја армија од млади невработени во Прилеп, и од сите нивни злодела со кои упорно ги бркаат надвор од татковината?

Што Вие како млади ДПМНЕ-вци направивте и каква иницијатива превзедовте за спречување на бранот иселување на младите од нашиот град.
До кога ќе ги сметате Вашите врсници за обична статистика, со која си поигрува режимот кој Вие отворено го поддржувате?
Дали фактот од над 80% млади невработени до 29 години во Прилеп, за Вас значи нешто?
Дали 450 илјади иселени, од кои најмногу млади, во последните 8 години, за Вас не претставува ПОРАЗ од катаклизмичен размер за Македонија!?
Како не Ви е страм, после се, да читате нарачани текстови од Вашите стари кадри, полни со навреди и плукања? Тоа, впрочем, е дополнителен доказ за Вашата безидејност, како и недостаток на основна политичка и секаква останата култура во Вашите редови.
На крај, разбираме дека сте во паника од поразот кој Ви следи, како и од огромниот број на прогресивни млади, кои отворено се вклучуваат во нашите редови. Знаеме исто така дека за Вас е неразбирлив принципот на демократија при избор на партиско раководство. Всушност, тое е една од многуте работи по кои ние се разликуваме од Вашиот режим.

 

Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп