Почитувани,
Крајно лицемерно е криминалната ВМРО-ДПМНЕ да зборува дека се грижела за културното наследство, затоа што токму власта на Никола Груевски ја уништи трационалната македонска култура и архитектура.
Во изминатите 12 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, има стотици случаи каде буквално беа уништувани цели археолошки локалитети од диви копачи, беа крадени икони од цркви и манастири, а ниту еден сторител на овие вандалски дела не беше откриен и санкциониран.
За тоа колку не се грижеле ниту за црквите и историското наследство, покажува случајот со иконостасот во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп. Во текот на целота нивно владеење, ВМРО-ДПМНЕ останала глува на сите молби и апели од црковните лица и вработените во културата да одделат средства и да се конзервира ова бесценето културно наследство.
За ВМРО-ДПМНЕ поважни беа барокните фасади и згради, криминалните тендери и коруптивните зделки, наспроти заштитата и санацијата на вистинското културно наследство.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, власта предводена од СДСМ, веднаш издвои средства и изработи проект, со што започнува конзервацијата на иконостасот, а со кој ќе се гореат сите идни генерации.
Последниот чин за наводна донација на луксузни лустери од луксузниот партиски дворец на ВМРО-ДПМНЕ – симболот на криминалот, изграден за време на најголемата сиромаштија во земјата, е уште една фарса на Мицкоски.
Додека под крајно сомнителни околности Мицкоски донира луксузни лустери на црквата, патем од судски замрзнатата партиска зграда на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Локвенец со личен пример и со сопствени средства во повеќе наврати помагал на црквата, без тоа да се промовира во јавноста и од тоа да се гради политичка кариера.
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп