Новинар : Проектот кој што го промовиравте 500 акумулации предизвика многу пошироко внимание, досега немаме слушнато со проект на кандидат на градоначалник да се занимава премиерот, да се занимава вицепремиерот и половина влада. Има ли реална основа проектот или пак она е навистина тоа што го тврдат препишан проект?
Хари Локвенец : Прво ќе ве корегирам. Проектот го промовиравме пред неколку месеци. Во Ноември беше промовиран проектот чиста петка, во чиј состав беа и 500 акумулации. Арно ама од мој аспект за издржаноста на овој проект, главен доказ беше вниманието кое му го посветија на истиот и премиерот и заменик премиерот.
Тоа за мене е гаранција, колку тој проект е издржан. Од друга страна ако еден заменик премиер или министер во влада узурпира медиумски простор, јас лично очекувам дека тој истиот би го искористил да промовира некој од проектите кој тој ги сработил или планира да ги сработи, во конкретниов случај за Прилеп заедно со нивниот кандидат господинот Марјан Ристески. Арно ама тоа не се случи. Гледаме само фрлање со дрва и камења по еден издржан проект, за кој малку подоцна ќе ви објавам детали. Од друга страна тие истите 18 години се на власт во Прилеп и немаат „А” од акумулации, а сметаат дека имаат право да критикуваат еден издржан проект. За да министерот, мојот драг колега од Електро факулет — Пешевски, биде убеден во проектот, го повикувам да дојди во Прилеп. Ќе му ја презентирам целата документација. Ќе му го презентирам тимот, професионалци и стручњаци кој го имаат градено овој проект и кој се составен дел од него. Убеден сум дека ќе го промени своето мислење. Од друга страна ако сака да види неиздржан проект, денес одма нека дојди во Прилеп, овде е кружниот тек да види како во „5 до 12″ проектите, со кој се обидува да го залажи народот и гласачите, еден цел камион пропадна на кружниот тек. За среќа, сполај му на господа без човечки жртви.
Ви благодарам.