Почитувани,
Со чувство на длабока почит за херојоската жртва на 10-те прилепски бранители од 2001-та, кои пред 13 години бранејќи ја татковината ги положија своите животи кај месноста Карпалак, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија се поклонува во нива чест и слава.
По тој повод, претставници на Општинската Организација на СДСМ од Прилеп и членови на Советот на Општина Прилеп, положија свежо цвеќе пред спомениците подигнати во нивно име во центарот на Прилеп и во касарната „Мирче Ацев“.
{gallery}2014/krplk2014{/gallery}
За жал,13 години после Карпалак, со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на чело на државата, Македонија е земја со длабока поделеност помеѓу граѓаните и крајно влошени меѓуетнички односи.
СДСМ, како државотворна партија, сега и во иднина ќе продолжи да работи за враќање на демократијата, рамноправноста, граѓанските права и слободи, како и зачувувувањето на унитарноста на Република Македонија.
Истовремено, вечно ќе го чуваме и славиме споменот за загинатите прилепски бранители, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.
Вечна им Слава!
Со почит!
ОО СДСМ Прилеп