zoran jovanovski sredba so zemjodelski zdruzenija prilep 11Зоран Јовановски – Потпретседател на СДСМ

 

Денеска СДСМ е дојден во Прилеп,имавме и понатаму трае навистина многу добра средба со земјоделците, јас би рекол со вистинските земјоделци претставници на различни здруженија од Прилеп, од Битола, од Куманово, од Струмица. Уште еднаш го објаснивме буџетот она што се случува планот за штедење на СДСМ и потенциравме дека субвенциите за земјоделците дека во ниту еден случај не се загрозени со прифаќање на планот за штедење на СДСМ од страна на власта. Истовремено земјоделците беа информирани дека и покрај лажната конструктивност која што владата сака да ја покаже последниве денови позади грб последните четири дена владата се задолжи на домашниот пазар за околу 150 милиони евра. Од една страна го кажуваат тоа што го кажуваат а од друга страна продолжуваатда го прават тоа што го прават изминатите неколку години интензивно.Покрај тоа што разјаснивме дека субвенциите за земјоделците си остануваат и не треба земјоделците да се грижат околу тоа. Разговаравме и за многу други проблеми со кој што земјоделците се соочуваат во секојдневниот живот во поглед на нивната работа.И навистина беше добро да се слушне какви се проблеми имаат земјоделците со што се се судираат,како во поглед на субвенциите,како во поглед на невратените пари за купена механизација и сите оние други редица на проблеми. Навистина крајно време е земјоделците во република Македонија да го добијаат она што навистина треба да го имаат а тоа е еден систем во функционирањето на земјоделството и тоа СДСМ ден поскоро навистина ќе им го овозможи.
Новинар : Најкратко на што ви се пожалија земјоделците од прилепскиот регион?
Зоран Јовановски : Па јас ќе кажам дека не беа само од прилепскиот регион беа од повеќе градови. Се пожалија во однос на исплатата за субвенциите. Се пожалија во однос на враќањето кој се поврзани со 50-50 околу набавката на земјоделската механизација. Се пожалија во однос на распределбата на земјиштето а се пожалија и на цената на нафтата за која што ја користат во земјоделието. Проблемите со пласманот на производите,проблемите со откупот на она што го произведуваат,навистина многу проблеми имаат земјоделците денес во Македонија.