Еленче Ташкоска – Советник  

 

Почитувани,

Она што долго време го тврдевме, дека функционерите од претходната локална власт во Прилеп на чело со екс градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ вршеле невидени злоупотреби на парите од граѓаните, се потврдува на секој чекор.

Информациите кои вчера јавно ги изнесе актуелното раководство на ЈКП „Комуналец“, даваат прецизна слика за долгогодишното расипничко и незаконско постапување со парите на претпријатието од страна на екс директорот, Златко Ристески.

Имено, во периодот од 2005 до 2017 година, за своја лична употреба Ристески подигал парични средства од касата на ЈКП „Комуналец“ во вид на аванси, чиј вкупен износ достигнал висина од над 5.520.000 денари.

За ова, против Златко Ристески – долгогодишниот директор на ЈКП „Комуналец и прв братучед на екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јавноста очекува повеќе одговори, меѓу другото и за тоа дали авансите биле користени за покривање на коцкарски долгови на екс директорот на прилепски „Комуналец“?

Очекуваме истрагата да открие и зошто екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и покрај ваквите злоупотреби дозволувал неговиот прв братучед во континуитет од 12 години да ја извршува функцијата директор на ЈКП „Комуналец“?

Почитувани граѓани,

Одговорност мора да има за сите оние што безобразно ги злоупотребувале јавните функции и парите на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го скријат криминалот во сопствените редови, без разлика со какви манипулации се служат.

Правда мора да има и ќе има.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп