07022015Изјава: Благој Бочварски – Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ

Почитувани граѓани,
Денес патувавме со воз од Скопје до Прилеп, заедно со уште неколку Претседатели на комисии од СДСМ, како и со членови од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, при што поразговараме со повеќе граѓани кои патуваа заедно со нас.
Ги сослушавме нивните проблеми и заклучивме дека секојдневието им е преполно со тешкотии, немаат работа, живеат тешко, а условите во последните неколку години во Р. Македонија им се неподносливи. Ја делиме загриженоста заедно со нив, меѓутоа, истовремено сакавме да се увериме во она што целата јавност го виде за состојбата на возовите, преку неколкуте фотографии.

Возовите се во катастрофална состојба, со што и целиот железнички сообраќај е во очајна ситуација. Имаме намалување од 50% на бројот на патници во последните неколку години. А од друга страна имаме зголемување на цената на билетите за 50%, во 2013 година. Во однос на товарниот железнички сообраќај имаме намалување од 35% од 2006 година до денес, така што и на ова поле состојбата е катастрофална.
Во делот на железничката инфраструктура, имаме најслаба развиена инфраструктура во Европа со 27 километри железница на 1000 километри квадратни. Така што, можеме да заклучиме дека и на ова поле го констатираме полека проблемите и ќе ги внесеме во нашата програма.
Иако ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо во овој дел, ние нашите ветувања ќе ги внесеме. Реалните проблеми го нотираме, и за наредните избори решенијата ќе ги внесеме во нашата програма, којашто ќе биде реална и остварлива.