Миле Талевски – Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани,

Почитувани производители на тутун,

Вашиот труд, тутунарската мака, се цени и се плаќа!

Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, ги зголеми субвенциите за тутун!

Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции од досегашните за секој килограм предаден тутун, и тоа почнувајќи од реколтата 2017 година:

– за прва класа тутун, субвенцијата ќе изнесува 80 денари по килограм,

– за втора класа тутун, 70 денари по килограм,

– за трета и четврта класа, обезбедуваме по 60 денари субвенција по килограм предаден тутун.

Уште еднаш покажуваме дека зборот даден пред граѓаните, за нас е света работа.

Покажавме дека со домаќинско работење има повеќе пари за граѓаните.

Реколтата 2017 беше една од најуспешните и се постигна највисока просечна откупна цена, којашто вкупно со зголемените субвенции на 23.000 тутунарски семејства им обезбедува приход од 100 милиони евра!

Со ова, целосно паѓаат во вода сите лаги и манипулации дека ќе сме ги укинеле субвенциите, со кои криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше тутунарите.

Не само што не се укинаа субвенциите, туку ги зголемивме, и ќе бидат исплатени во законскиот рок. Никој повеќе нема да ги уценува тутунарите со нивните тешко заработени пари. Субвенциите ќе се исплаќаат на тутунарите навреме, кога е најпотребно.

Покрај тоа, со законски измени ќе им ги олесниме административните процедури на тутунопроизводителите. Во иднина тутунарите нема да поднесуваат евидентни листови и директно ќе склучуваат договори за откуп на тутун со откупните претпријатија.

Со сето ова обезбедуваме сигурност на производството и непречен откуп на тутунот!

Тутунарите се наш приоритет и во фокусот на нашите политики. Зборот е збор!

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп