Почитувани,

Заврши времето кога инвеститорите беа рекетирани и уценувани од страна на моќниците на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Никогаш повеќе нема да се повтори корумпираната власт која бараше мито од секој заинтересиран инвеститор, како би можел да гради и да инвестира во погони, фабрики и други стопански капацитети.

ВМРО-ДПМНЕ е толку заглавена во сопствената криминална и назадна матрица, што се дрзнува да критикува инвестиции и отворање на нови работни места за граѓаните на Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ е против против нови вработувања, против повисок животен стандард за прилепчани.

Ваквото однесување на партијата на Мицкоски, во овие моменти кога целата држава оди напред, кога домашните и странските инвеститори вложуваат стотици милиони евра во нови капацитети, е целосно неодговорно и антидржавно.

Додека Македонија оди напред, ВМРО-ДПМНЕ влече назад. Затоа ќе биде казнета на следните претседателски избори.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп